|

ИЗЛОЖБА НА ПРИНТОВИ ОД ЈИРЖИ ТРНКА ( 1912 – 1969 ), Р. ЧЕШКА

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбениот салон – Империјал 2, петок, 24 февруари 2012 год. во 19:00 ч. ќе се отвори изложба на принтови од творештвото на Јиржи Трнка од Р. Чешка, насловена „Принесување на фантазијата“ по повод 100 години од неговото раѓање.

ЈИРЖИ ТРНКА ( 1912- Пилсен – 1969 – Прага) – еден од најистакнатите личности во чешката уметност на 20 век и еден од најголемите европски и светски аниматори кој дал голем придонес во почетоците на формирањето на куклената анимација.

Нарекуван е Волт Дизни на истокот.

1929 – 1935 – студира на на Универзитетот за декоративна уметност во Прага.

Универзален уметник – работи графики, графички дизајн, кукли, слики, скулптури, илустарзии на книги, сценографии, анимирани филмови, анимирани куклени филмови, режија ).

1936 – отвора свој прв куклен театар кој подоцна се трансформира во прво чешко студио за анимација.

1947 – го снима својот прв и омилен анимиран куклен филм „ Чешки години “.

1959 – го снима долгометражниот игран филм „Сон на летната ноќ“- кој е врв на светската куклена анимација.

Илустрирал над 100 книги , а снимил 10- ина анимирани куклени филмови.

Теми во куклените филмови се : народниот фолклор, адаптација на чешки и светски сказни, теми од секојдневието, критика на современото општество, творечката слобода на поединецот и др. Во сите негови филмови музиката е составен дел на и во функција на филмот.

Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои: награда за илустрација „Ханс Кристијан Андерсон“ 1968 и прва награда и светско признание за филмот „ Животни и бандити “ на Канскиот фестивал.

Јиржи Трнка е значаен и за влијанието што тој го извршил на современата анимација,

инспирирајќи ги и најголемите светски аниматори како што се Јан Шванјксмајер, Јиржи Барта, Тери Гилјам, Тим Бартон и др.

 

Изложбата ќе биде отворена до 03 март 2012 год.

Similar Posts