|

Изложба на дигитални слики од Денис Тенев

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во изложбениот салон – Империјал 1 , на 06 мај 2011 год. во 20:00 ч. ќе се отвори самостојна изложба на дигителни слики , насловена Типографски Mозаици од Денис Тенев, ликовен уметник од Скопје.

На изложбата ќе бидат изложени 9 дигитални дела во голем формат, изработени со буквени знаци во чија игра од light до bold ( од светло до темно), extended и condensed ( проширени и стеснети) се градат тонови и градации при што се создава ликовна фигуративност на овие дела.
Денис Тенев е роден 1967 год. Дипломирал на ФЛУ во Скопје , во класата на проф. Симон Шемов , 1995 год. Реализирал повеќе самостојни и групни изложби во земјава и странство. Добитник е на неколку награди.
Повеќе за Денис Тенев на : www.tenevart.com
Фотографијата на ѕидот е детал од делото Ессе Hомо.
Изложбата ќе биде отворена до 11 мај 2011 год.

Similar Posts