|

Изложба на графики од Владимир Аврамчев

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбениот салон – Империјал 1, вторник, 17 април 2012 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на графики од Владимир Аврамчев.
Владимир Аврамчев роден е 1939 год. во Стојаково – Гевгелија.
Учел во Училиштето за применета уметност во Скопје и на Академијата за применета уметност во Белград.
Реализирал повеќе самостојни и над 250 групни изложби во земјава и светот.
Неговите дела биле претставувани во различни земји на светот и се наоѓаат во повеќе музеи и приватни збирки во земјава и надвор од неа.
За неговото творештво бил наградуван повеќе пати.
Подеднакво негува повеќе ликовни дисциплини: цртеж, графика, дизајн, визуелни комуникации, а специјаслност му е керамиката.
На изложбата В. Аврамчев ќе се претстави со 30 графики.
Изложбата ќе биде отворена до 30 април 2012 год.

Similar Posts