|

Изложба на графики од АГИМ САЛИХУ

Ве информираме дека во Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбен салон – Империјал 1, среда, 18 март 2015 год. во 19:0 ч. ќе се отвори изложба на графики од АГИМ САЛИХУ од Приштина.

Ве информираме дека во Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбен салон – Империјал 1, среда, 18 март 2015 год. во 19:0 ч. ќе се отвори изложба на графики од АГИМ САЛИХУ од Приштина.
На изложбата ќе бидат изложени графики работени во комбинирана техника, создадени последниве години. АГИМ САЛИХУ роден е во Приштина, Косово 1951 год.
Академија за Ликовни Уметности – отсек графика, завршил во Приштина 1977 год., а постдипломските студии на Академијата за ликовни Уметности во Загреб 1979 год. Самостојни излжби имал во: Рим, Аусбург, Варберг, Музејот „Гросето“ и др.
Учесник на многу самостојни изложби, биеналиња, триеналиња во : Љубљана, Ласгов, Штутгарт, Венеција, Њу Јорк, Сан Паоло, Токио, Барцелона, Вашингтон, Сеул, Пекинг, Лондон, Париз, Мексико Сити, Рио Де Жанеиро, Мемфис, Хонолулу-Хаваи, Дуоро – Португалија, Порто Рико, и др. Добитник е на повеќе награди за своето творештво.
Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2015 год.

Similar Posts