|

ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ И КОЛАЖИ ОД ТРЕАЈЧЕ БЛАЖЕВСКИ

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во изложбените салони – Империјал 1 и 2, среда, 14 декември 2011 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на графики и колажи од Трајче Блажевски. Трајче Блажевски е роден 1955 година во Скопје. Академија за Ликовни Уметности, отсек графика, завршил 1980 год. Постдипломски студии, отсек графика, завршил 1982 год. Член е на ДЛУМ, ДЛУБ и УЛУБИХ. Студиски престој во Париз од фондацијата „Моше Пијаде“, 1986 год.

1988 година на покана од Art Horizons, The Major International Art Competition NewYork, учесник е на берзата на уметности. 2010 година ја одбрани докторската дисертација на тема „Графиката како ликовен медиум во уметноста на Балканот“.

Самостојни изложби:

Има реализирано 60 самостојни изложби во: Македонија, Србија, БиХ, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Полска, Италија, Германија и Романија.

Групни изложби:

Од 1979 до 2011 год. учествувал во над 600 групни изложби во земјата и странство – членство, повик и жирирани. Од 1980 год. до денес е учесник на изложбите на ДЛУМ – графика, цртеж, ревијална – годишна, мал форматзимски салон и други организирани од ДЛУМ, КИЦ и странски институции во: Франција, САД, Македонија, БиХ, Србија, Русија, Јапонија,Тајван, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Полска, Словачка, Чешка, Романија, Кина, Холандија, Шпанија, Бразил, Италија, Германија, Белгија и многу други држави. Добитник е на 10 домашни и 4 меѓународни награди. Учествувал на над 60 домашни и странски ликовни колонии.

Застапен е во 3 домашни и 7 странски изданија. На изложбата Т. Блажевски ќе се претстави со 60 дела ( графики и колажи ), создадени 2007 – 2011 год. Графиките се работени во графичките техники: сува игла, дрворез, линорез, бакропис и литографија.

Изложбата ќе биде отворена до 24 декември 2011 година.

Similar Posts