|

ДОАЃАМЕ”- РЕЦИТАЛ ЗОРАН СТАНИШИЌ, пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на ЗОРАН СТАНИШИЌ, пијано, 16.11.2012 /петок/, Салон 19:19 – 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бах, Бетовен, Скрјабин и Шулц-Евлер.

Зоран Станишиќ е студент на ФМУ во Скопје во класата на проф. Рита Трпчева-Поповиќ. Основно и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје во класата на проф. Самира Мемедова. Учесник на државни и меѓународни натпревари и добитник на бројни награди. Активен како изведувач со забележителни настапи на бројни концерти и самостојни рецитали во Македонија.Рециталот на Зоран Станишиќ е во рамки на циклусот “ДОАЃАМЕ…” преку кој КИЦ продолжува со традицијата на ексклузивни концерти чии носители се исклучителни млади инструменталисти – ученици и студенти од музичко-образовните институции во Р. Македонија.

Similar Posts