|

„Гатанки погодувалки-пишувалки” и „Пчелки на ролерки“ од Ели Маказлиева

Ели Маказлиева е родена во Битола. Високо образование завршила во Скопје на УКИМ, на Инститит за педагогија завршува Филозофски факултет и постдипломски студии на насоката дидактика-методика, со што се стекнува со звањето Магистер по педагошки науки.
Работела како воспитувач, училишен педагог, за поголемиот дел од работниот век да го помине како уредник и главен и одговорен уредник во издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО, Скопје. Последните години беше и вонреден професор, предавач во УАКС.
Денес се појавува како ОСНИВАЧ на издавачката куќа ЕДУКА МАК, доо, Скопје и Претседател на уредувачкиот и редакциски одбор во истата.

Автор и коавтор е на над 50 објавени наслови со различна содржина од кои: Автор е на концепцијата на 2 списанија за деца, 25 поетски книги и сликовници за деца и возрасни, 13 прирачници за деца од предучилишна возраст, како и на првата Македонска илустрирана енциклопедија за деца , 11 учебници и прирачници за ученици и 3 други книги за возрасни.
Книгата ќе ја промовираат, проф.др.Кристина Николовска и мр.Ели Маказлиева.

Similar Posts