ТРИБИНА БЛАЖЕ КОНЕСКИ ДЕНЕС

Почитувани,

Културно – информативниот центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на трибина на темата БЛАЖЕ КОНЕСКИ ДЕНЕС, по повод 100 години од неговото раѓање,во паркот пред КИЦ – Скопје (со неопходната дистанца меѓу присутните и заштитни маски).

На трибината ликот и делото на Конески ќе се осветлат и во потесна смисла и во поширока смисла. Во потесна смисла: она што претставува неговото творештво денес во македонската општествена, културнопросветна и научна стварност, како стимул и корпус.

Во поширока смисла: како влог во една воспоставена лингвопоетичка традиција во македонистиката, од којашто произлегува препознатлива лингвистичка школа, која со право го носи неговото име: Школа на Блаже Конески.

На настанот ќе учествуваат: Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук-страницата на КИЦ – Скопје.

Поврзани написи