“СВЕТЛИНАТА НА УБАВИНАТА И УМЕТНОСТА” – МИМОЗА РАЈЛ

Мимоза Рајл дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје,постдипломските студии ги продолжила во областа на Современата Филозофија наобразованието и културата,методологија на науката на Европските јазици,каде ги завршува и докторските студии.
Пишува поеми,објавува поезија во неделни списанија (поголемиот број публикации се поврзани со културата)

Работела како координатор и уредник во Македонска Телевизија и координатор на Европски програми.

Во моментов работи како редовен професор на Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности-ЕСРА и Директор на Институтот за сценски уметности.

Книгата има за цел, низ грандиозните уметнички дела, најзначајните естетички правци и идеи, да даде еден духовен вглед во најважните трансисториски прашања кои го мачат човекот, да отиде до најтемната ноќ на човечката душа и таму да ја осветли преку убавината и уметноста, светлина која се наоѓа во нашето највнатрешно јадро и чека да биде запалена како најголемиот украс на универзумот.

Книгата ќе ја промовираатЈордан Плевнеш, Атанас Вангелов, Гоце Ристовски, и Вангел Божиновски,

Музичка оперска изведба,Ева Живковска
Драмски перформанс “Каде е љубовта” во изведба на Васил Зафирчев и Димитрина Мицковска,драматизација Огне Неделковски
Музички рецитал и пијано, Дарко Мариновски и Јасна Аврамовска
Музичка изведба,Огнен Здравковски и Александар Здравков

Поврзани написи