“РЕЧНИКОТ НА АНТОНИМИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК” од ЕМИЛ НИАМИ

Емил Ниами дипломирал на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје на групите за руски јазик и книжевност и американски студии. Работи во А1 телевизија и во дневниот весник Време на различни позиции. Во 2007 година ја одбранил магистерската дисертација Паронимите во македонскиот во споредба со рускиот јазик. Истата година заминува како лектор по македонски јазик на московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Во 2010 година ја брани докторската теза Антонимите во рускиот во споредба со македонскиот јазик. Од 2015 година работи во Рускиот центар при УКИМ. Тој е преведувач на голем број дела од уметничката литература, но и на публицистика. Автор е на голем број научни и научно-популарни трудови објавени во земјава и во странство. Негово поле на интерес се лексикологијата, лексикографијата, традуктологијата и социолингвистиката. Емил Ниами е автор на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.

Во Речникот на антоними во македонскиот јазик статиите се дадени во азбучен редослед на доминантата, која се избира антонимиски пар, кој се употребува најчесто и има најнеутрална симетрија во поглед на стилот и на семантичкиот полнеж.

При толкувањата се користени постоечките речници: Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, Т. 1 – 3; Мурговски З. Толковен речник на македонскиот јазик; Толковен речник на македонскиот литературен јазик, том I – IV; Ширилова В. Голем лексикон на странски изрази и зборови.

Промотори на “Речникот на антоними во македонскиот јазик” Симона Груевска – Маџоска и Мишел Павловски, а музичка изведба Билјана Петровска – пијано.

Поврзани написи