„(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика”Ана Мартиносka

Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка и активистка за родова рамноправност.
Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Од 1996 год. д-р Мартиноска е вработена во Институтот за македонска литература на работното место научна советничка/редовна професорка.

Реализирала повеќе научни и стручни престои, од кои се издвојува докторскиот престој на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија во 2004.

Мартиноска ги има објавено книгите: “Поетиката на македонските народни гатанки”,“Голиот на гости – Антологија на македонскиот еротски фолклор” и други.

Членка е и на Друштвото на писатели на Македонија, Здружението за компаративна книжевност на Македонија и на Меѓународната Асоцијација за компаративна литература. Во моментов е Претседателка е на Научниот совет на Институтот за македонска литература.

Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици, со исцрепен предговор на проф. д-р Ана Мартиноскa. Книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната традиција.

Книгата ќе ја промовираат, Лорета Георгиевска Јаковлева и Мишел Павловски, а извадоци од книгата ќе чита Предраг Павловски.

Similar Posts