“Глочка школка”,од Борче Панов

Почитувани,
Културно-Информативен Центар – Скопје, организира промоција на книгата “Глочка школка”,од Борче Панов, на ден,21.05.2021г., почеток во 17:00, во паркот пред КИЦ – Скопје.

Борче Панов роден во Радовиш.Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје.Член е на ДПМ од 1998г.Неговата поезијае застапена во повеќе антологии и панорами на современата македонска поезија, како и во четириесетина антологии, алманаси и прегледи на светската,европската и балканската поезија.
Преведуван е на повеќе јазици.
Ги има објавено поетските книги:”Циклонско оро”, ”Вдах” и многу други.
Автор е на алтернативните драмски текстови:”Фатете го месечарот”, ”Градот двојник” и други.
Поетската книга “Глочка школка” е уште една необична поетска возбуда со која,авторот не внесува во неговиот поетски свет во кој невозможното и можното разговараат за најсуштествените парадокси на животот.
Книгата ќе ја промовираат Кристина Николовска, Даниела АндоновскаТрајковска и авторот.

Поврзани написи