Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2, четврток, 9 мај 2019 год. во 20:00 ч. ќе се отвори
изложбата на слики – 45 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО од ликовниот уметник СТЕВАН ЦИГАРИДОВ. На изложбата авторот ќе одбележи 45 години творештво со 45 дела, работени во техника масло на платно, создадени во различни периоди од неговото творење.
Биографија
Роден е 1951 год. во Битола. Живее во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1983 год.
Од 1972 до денес реализирал 20 самостојни изложби во Р. Северна Македонија, Италија, Австрија, Португалија. Учествувал на сите групни изложби на ДЛУМ, како и на повеќе групни изложби во Р. Северна Македонија, Србија, Словенија, Бугарија, Франција
.
Изложбата ќе биде отворена до 19 мај 2019 год.