|

Промоција на книгата „ЗДИВ“ ,издавач:ФЕНИКС и изложба на слики од Христо Петрески

Поетската книга “ЗДИВ”, содржи шест циклуси и вкупно 74 песни.Во неа има графички и содржински иновации и експерименти, а на тематско-мотивски план опфатени се: градот, совремието, животот, зборот, сликата… Инаку, Петрески како писател е добитник на наградите: Ацо Шопов, Иво Андриќ, Гогољ, Радиново признание, Гоцева повелба, Крсте Петков Мисирков, Радое Домановиќ, Бора Станковиќ, Ванчо Николески, Васил Куноски, Јован Котески, Крсте Чачански, Гран при, Книжевно перо, Книжевен круг и многу други. Христо Петрески со сликарство активно се занимава од 2010 година и досега има одржано седумнаесет самостојни ликовни изложби во Република Македонија и три во Република Србија (Врање, Алексинац, Белград). Пишува ликовна критика и автор е на книгата Ликовната уметност е она што (не) се гледа. Како универзитетски профессор на Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид го предаваше предметот Визуелни уметности. Проф.д-р Христо Петрески е редовен професор и директор на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје. Книгата ќе ја промовира,проф.др.Кристина Николовска,за ликовното творештво ќе зборува проф.др.Кирил Темков, а стихови од книгата ќе чита авторот.

Similar Posts