|

Промоција на книгата„Ѕид пред бескрајот“ “. ” од Милован Стефановски

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на Промоција на книгата “Ѕид пред бескрајот” од Милован Стефановски, издавачка куќа: Ад Вербум, на ден 31.05.2018г. – Салон 19:19, почеток во 19:19 часот/
Милован Стефановски е поет, раскажувач, преведувач. Дипломирал југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје.
Во периодот од 1987 до 1991 година, најпрвин во Романија (Крајова), а потоа во Турција (Истанбул), бил лектор по македонски јазик на тамошните универзитети.
Автор е на осумнаесет објавени книги.
Поезија: Ѕид пред бескрајот (1978) , Привремен распоред , Венчавање со бескрајот, тријазичен избор – англиски, италијански, германски и други, И паѓањето е лет, роман ,Потонски скали, раскази, Со голо око, новинарски есеи ,Стража, роман , Скали за качување, раскази и други.
Во еден мандат (1998-2000) бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија.
Добитник е на највисокото книжевно признание за поезија, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 1978 година за стихозбирката Ѕид пред бескрајот. Во 2003 година за романот Изгубен жегол ја добива наградата „Роман на годината“ што ја доделуваше редакцијата на „Утрински весник“. За поемата Адам од Говрлево во 2010 година ја добива наградата „Григор Прличев“.
Ѕид пред бескрајот е малечка поетска книшка чијашто појава како дебитантска книга на Милован Стефановски во далечната 1978 година ќе ги разбранува духовите на македонската книжевна и, воопшто, јавна сцена.
Книгата ќе ја промовираат ,Бранко Цветковски ,Наташа Аврамовска и Петко Дабевски, а извадоци од книгата ќе чита Снежана Конеска Руси-артист,,музичка изведба Васил Атанасов-обоа и Тодор Светиев -пијано.

Similar Posts