|

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВО НА АМЕРИКАНСКИОТ ПОЕТ ЏОРЏ ВАЛАС

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВО НА АМЕРИКАНСКИОТ ПОЕТ ЏОРЏ ВАЛАС , на ден, 03.06.2019г. –Салон 19,19, почеток во 18:00 часот/

Џорџ Валас американски поет,роден 22март,1949г. , во Хемпстед,Њу Јорк.Во 1967г. ,се запишал на Универзитетот во Сиракјус,каде се запознал со Ален Гинсберк и студирал со В.Д.Снодграс, а по завршувањето во 1971г.му започнува дваесетгодишната  кариера на   истражување на Америка,Европа и Азија.

Од 1988г.,ја започнува својата децениска работа како новинар и колумнист по локалните весници и радио станици низ Њу Јорк.Настапувал на познати светски фестивали низ светот како фестивалите  во Ледбјури, Вуди Гатри,Ловел Селебрејт  Карук и Лирик Рикавери Карнеги Хол.Соработувал со француски  драматурзи на фестивалот во Авињо,појавувајќи се на сцена со бројни ликови од популарната музика.Неговите предавања и читања му овозможиле присуствување на многу локации Англија и Америка,вклучувајќи го и центарот Дилан Томас, Роберт Бенс ,Џон Стајнбег и други.

Во 2017г.,бил прогласен за лауреат на Меѓународниот поетски фестивал “Дитен е Намит”   во Тетово,Р.Северна Македонија.

Неговата поезија во основа е ориентирана на поетски перформанс, заснован на имагинарната креација,која е базирана на игра на зборови и надреалистичка деконструкција и бриколаж во неговата финална форма,која се карактеризира со достапен наративен и силен ритмички импулс.

Ги објавил следните книги:”Прицврсти ги розите”, ”Грне за молзење”, ”Пеперутките и нивните тетоважи”, ”За моментално опуштање”, ”Грејтест хитс”, ”Пливање низ вода”, ”Педесет љубовни поеми”.

За неговото творештво ќе говорат Шаип Емерлаху,писател и Ндуе Укај

Similar Posts