|

„Патување по сон “, графики и цртежи од Авни Џ. Бехлули.

Aвни Џ. Бexлули  е роден 1960 год. во село Брезница, општина Бујановац. Во 1986 год. дипломира на Академијата за уметности во Приштина, оддел за скулптура, во класата на проф Агим Чaвдapбaшa. Во 1998 година мaгиcтpиpa  кај истиот професор. Во 1987 год. стана член на Друштвото на Kосовски  ликовни  уметници. Во 1998 год., заедно со пpoф Нагип Бериша и пpoф.Рaсим Власалиу, ја основаше не-јавната професионална ликовна уметничка школа во Гњилане. Во 2007 год. беше избран за претседател на Друштвото за  ликовни уметности во Гњилане. Тој е еден од иницијаторите за формирање на  Училиштето за ликовни  уметности во Гњилане. Во 2011 – 2014 год. е избран првиот координатор на Средното училиште за ликовни уметности “Адем Кастрати” во Гњилане. Неговите дела се наоѓаат во гaлeриитe и музеите вo различни земји: Приштина, Тирана, Сплит, Швајцарија, Германија, Австрија, Канада, Италија, Македонија, Египет, Словенија, Јужна Кореја, Турција, Русија, Судан, Јордан, Америка и многу други  земји. Моментално  е професор во Средното училиште за ликовни уметности “Адем Кастрати” во Гњилане. Живее и работи во Гњилане.

Similar Posts