|

Изложба на скулптури од ВЛАДИМИР СИМОНОВСКИ.

На изложбата се претставени 10 амбиентални скулптури во техниката дрво и метал од неговиот последен циклус „Нагоре“ изработени во последните три години.
Владимир Симоновски, роден во Битола 1974 г., апсолвирал на Машински факултет во Скопје, а дипломирал вајарство на ФЛУ – Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. Досега излагал во Македонија, Турција, Бугарија и Франција. Се занимава и со театарска сценографија, костимографија и внатрешно уредување.

Similar Posts