На сцената на првиот и единствениот камерен простор во Македонија, култниот “Салон 19’19” – бројни солистички рецитали, камерни концерти, и во сопствена продукција: организација на симфониски концерти, издавање на носачи на звук…

Солистичко-камерни концерти – премиерни настапи на реномирани музички уметници од Македонија;
Гостувања на уметници од Европа и пошироко – реализација на концерти согласно квалитетно и квалитативно збогатување на музичкиот живот во Македонија, афирмирање на вистински музички вредности, и создавање, т.е едуцирање на концертна публика;

“Ги бараме новите ѕвезди” – широки можности на млади, исклучително талентирани музички уметници за нивно претставување пред јавноста со сè она што го имаат како музичка надградба и определба за идна професија.

Повеќе од 2000 концерти на реномирани македонски, европски и светски музички уметници, како и на наши уметници во Европа и светот. Московскиот филхармониски оркестар, Полскиот филхармониски оркестар, Гудачки оркестар “Антонио Лучио” – Холандија, Гудачки сексет на Минхенската филхармонија, Гудачки квартет “Бриндизи” – Велика Британија, квартет “Месијан” – Германија, Трио “Коринтски” – САД, Гудачко трио “Ехнатон” – Германија, Ансамбл “Тагоре” – Германија, Стефан Миленковиќ, виолина – САД, Максим Федотов, виолина – Русија, Алберхт Бројнингер, виолина – Германија, Аксел Штраус, виолина – Германија, Павел Минев, виолина – Русија, Николај Саченско, виолина – Русија, Иво Погорелиќ, пијано – Хрватска, Данг Таои Шон, пијано – Канада, Александар Маџар, пијано – Белгија, Николај Лугански, пијано – Русија, Евгениј Корољов – пијано – Германија, Ратомир Мартиновиќ, пијано – Црна Гора, Мигуел Проенса, пијано – Бразил, Алексеј Володин, пијано – Русија, Кирил Кравцов, виолончело – Русија, Матиас де Оливеира Пинто, виолончело – Бразил, Александар Кагановски, виолончело – Израел.

Координатор и реализатор на репретоарните програми на речиси сите позначајни манифестации и фестивали во нашата држава, екс-Југославија и Европа: “Охридско лето“, “Дубровнички летни игри“, “Љубљански фестивал“, “Трибина на југословенското творештво – Опатија“, “БЕМУС“ – Белград.