Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на Промоција на завршната промотивна активност на збирката поетски творби за деца „Стихувалки 2018г” ,на ден 5.10.2018г. – Салон 19:19, почеток во 18:00. часот/
„Стихувалки 2018“ е литературна манифестација која ги поддржува и потикнува писателите и поетите кои пишуваат поезија за деца од предучилишна и рана училишна возраст.
Целта на овој проект е да се промовираат млади, неафирмирани автори од Република Македонија во создавањето на нова литературна продукција во областа на литературата за деца.
Носител на проектот е издавачката куќа Едука Мак, а самиот проект се одвива во неколку фази.На звршната манифестација сите автори – учесници во збирката ќе добијат признанија и примерок од книгата а за изборот на три најдобри автори и нивните поетски творби кои ќе добијат награди, освен тричлената жири комисија составена од тројца членови, ќе влијае и бројот на гласови на публиката присутна на промоциите на збирката.
За идејата на овој проект, за значењето и текот на активностите ќе говорат промоторите и истовремено членови на жири комисијата: проф. д-р Кристина Николовска, проф. Д-р Христо Петревски и м-р Ели Маказлиева.
Водители: Александра Велинова и Игор Трпчески.