Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на поетската вечер насловена како Licentia poetica, што е и дел од рубриката во Порталот kulturno.mk, а која ќе се одржи во Салон 19,19 од 19,19 часот на ден 29.11.2018 година. Овој портал ја поттикнува и подржува културата во Македонија и посебен значаен дел им отстапува просторот на младите културни дејци за да си го покажат својот талент и да се афирмираат.
LICENTIA POETICA е збир на поезија од повеќе стихозбирки на млади поети во Македонија, но и пошироко и се претсавуваат поети од Хрватска,Србија, Босна и Херцеговина и останатите балкански земји.
Оваа вечер ќе ги претставиме делови од стихозбирките на Марина Мијаковска, Михајло Свидерски, Игор Поп Трајков, Елена Пренџова, Биљана Т. Димко и Стефан Марковски.

Рецензија за Licentia poetica е на м-р Татјана Гогоска, презентер и водител Бела Александра, придружба на виолина Сара Гигова, а извадоци од своите песни ќе читаат дел од авторите