Драгиша Ристовски има повеќе од 20 години практично работно искуство на различни позиции, од комерцијалист на терен до директор.
Автор е на бестселерите на српски јазик „Губат само оние кои не играат“ и „Арена на продажба“, објавени под псевдонимот Д. Р. Гилберт. Подоцна следат книгите: „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успех“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги подобрите своите преговарачки вештини?“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба?“, „101 техника на влијанија“ и најновата „21 зошто и
само едно како“.
Потекнува од претприемничко семејство – петта генерација на претприемачи, а според формалното образование е дипломиран економист.
…„Ниту оваа книга, како ни претходните кои ги имам напишано, не нуди инстант препораки за успех во животот и работата, туку само ни укажува дека клучните битки се водат во нас самите и дека секогаш имаме право на избор, па макар тоа да е наш избор на толкување на сето она што се случува во реалниот свет околу нас.“…Драгиша Ристовски Гилберт.

Книгата ќе ја промовираат Миле Костов – промотор,Марија Акимовска (ЦЕЕД) – промотор и
Еена Николоска – претставник на Ад Вербум