Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли – издавач МАГОР , на ден 16.05.2018г. – Салон 19:19, почеток во 19:19. часот/
Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 23 објавени книги: проза, драмски текстови, сценарија, теорија и есеистика.
Неговите книжевни творби се преведени на: англиски, француски, полски, српски, хрватски, бугарски, романски, грчки, арапски… како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи.
Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика.
Член е на Друштвото на писателите. Член е на македонскиот ПЕН три пати избиран во неговото Претседателство. Бил претседател на Филмската младина на Македонија
Од 1976 година работел како новинар и уредник секогаш на рубрики или програми од културата: уредник на “Координати”, месечниот прилог за култура на неделникот “Млад борец”, заменик главен уредник на весникот “Млад борец”, уредник за култура на магазинот “21”, уредник-коментатор во дневниот весник “Нова Македонија” и одговорен уредник на културно-уметничката програма на Телевизија “Телма” во Скопје се до нејзиното укинување во 2015 година. Денес е слободен уметник, писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни референци.
За својата разновидна уметничка и новинарска работа, добитник е на близу дваесет награди.
Во најновата збирка раскази со парадигматичен наслов Океан од слики – раскази и каприча Томислав Османли создал серија сугестивни мешани дискурси во рамките на кратката проза, постапка којашто во неговиот прозен опус е најавена уште во неговата извонредана книга раскази Каприча. Уште во првиот расказ „Малиот Немо во мундирот на Корто (Океан од слики)“, од чиишто поднаслов е генериран и насловот на книгата, појдовната основа за вџашувачката вербално-визуелна нарација е омажот кон стрип-иконата Корто Малтезе на Хуго Прат. Османли во овој расказ не само што реферира на слики и сцени од историјата на стрипот ами и го нурнува читателот во еден огромен цитатен и интертекстуален раскажувачки океан, алудирајќи или упатувајќи на најразлични книжевни дела.
Книгата ќе ја промовираат проф.др.Лидија Капушевска Дракулевска и проф.др.Владимир Мартиновски, извадоци од книгата ќе чита Ане Блажовски-артист