Томислав Османли(1956) е драматург,сценарист и прозаист. Автор е на дваесет и три книги романи,раскази,теорија,драмски текстови и филмски сценарија.Познат е по голем број високо релевантни книжевни,драмски, сценаристички и есеистички посвети на Скопје.За тој дел од неговиот опус покрај другите ,двапати ја доби Наградата за Скопје “13 Ноември”. Прозната работа ја започна со книгата раскази “Пеперутка на детството”,”Светилка за Ханука”, и за неа ја доби наградата “Прозни мајстори”. Автор е на три романи:”Дваесет и првиот”,прогласен за Роман на годината на”Утрински весник” и номиниран за наградата “Балканика”,следниот роман “Зад аголот” и последниот “Бродот.Конзархија”. И расказите и романите му се преведени наанглиски,руски,француски,српски,грчки,бугарски,хрватски,полски,арапски идр. Книгата содржи две пиеси,едната со историска ,втората со современа тема и двете со различни проблемски пристапи,од една страна темите на страста ,на моќта на гордоста и на суровоста на мултикултурниот Балкан,а од другата ,на современоста,тивката агресија над изневерените и заборавени вредности која ги тера младите да заминуваат од земјава што се доживува како истравматизиран,осиромашен и запоставен дом на изневерени сеќавања.

Книгата ќе ја промовираат,проф. др.Ферид Мухиќ и Глигор Стојковски,писател ,извадоци од книгата ќе ќе читаат, артистите Филип Кипровски и Јана Пауноска.