Катерина Грозданова родена во Прилеп, во старата градска болница, при крајот на минатиот милениум ( 04.02 1969 ).
По професија економист, по вокација поклоник на љубовта.
Првороденчето ѝ е „На попатнина кон Дома … “ поетска – проза во 2015 година. „ ТРПЕЗА “ – раскази во 2016 година е всушност второ дело. Третата книга ја подели со својот сопруг Борче Грозданов со наслов „ Љубов – Патешествие “, нејзиниот дел е „Љубов“ – оваа книга излезе од печат во 2017 година – проза. Оваа 2018 година, излезе нејзината книга поезија „Жена“.
Во распеаниот женски свет на Грозданова, своето место бездруго го имаат и милите, односно оние жени кои оставаа и оставаат трага во нејзиното патешествие – Живот, а кои се сè земно, имајќи ги најобичните карактеристики на земните суштества, но во нејзиниот свет тие се покров на љубовта, олицетворение на дарот, спротивставен браник на бурите…
Книгата ќе ја промовира, Борче Грозданов,Весна Стојановска Николовска-артист Добрила Грашеска-вокал.