Во 1982 год., КИЦ ја формира првата и единствена Продажна галерија во Македонија. Најактуелните, реномирани академски сликари, скулптори, графичари, зографи…, ги изложуваат своите дела со цел: поголема достапност до колекционерите и конзументите на ликовната уметност.

“Камерните изложби” се редовен сегмент од продажнатга галерија: Мартиновски, Мустафа, Коџоман, Белогарски, Росиќ, Масин…, се само дел од авторите кои излагаат во овој простор. Дела во најразлични стилови и техники: масло на платно, акрил, колажи, графики, пастели, бројните скулптори во дрво, мермер, камен, алуминиум, керамика, пластика… за колекционерите и конзументите на ликовната уметност од Македонија и Европа.