Почитувани уметници,

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност,
објавува конкурс за визуелни уметности ( самостојни и групни изложби, хепенинзи, перформанси, инсталации, мултинедијални проекти ) што ќе се реализираат во втората половина на 2019 год.Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.
Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови од ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје.
Заинтересираните уметници да достават биографија, фотографии од нивни дела и опис на проектот на e-mail: ghadzinikolova@yahoo.com; emilsulajkovski@hotmail.com
Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници.
Конкурсот трае до 10 мај 2019 год.