Почитувани,

Ве информираме дека во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон  – Империјал 1, среда , 3 април   2019  год. во 20:00 ч. ќе се отвори

изложбата „100 ГОДИНИ ПОТОА“, скулптури и слики од ЗЛАТКО БОЈКОВСКИ .

На изложбата ќе бидат изложени  25 скулптури работени во  материјал метал, најден на планината Кајмакчалан од  Првата Светска војна  ( шлемови, бомби, куршуми, пушки и др.) , создадени последниве 2 години и 10 слики

работени во техника акрилик на платно, создаени, исто така,  последниве 2 години.

Изложбата ќе биде отворена до  16 април 2019 год.

 

Со почит,

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје