Боро Рудиќ е роден во Кочани,1954 година. Со школско образование се здобил во Скопје, каде дипломирал на Електротехничкиот факултет. Во својата повеќедецениска работа, освен на уметничка, работел и на пропагандна фотографија, како и на фото-дизајн. Имал бројни соработки со најзначајните македонски рекламни агенции, како автор на фотографии во повеќе монографии и книги, и како директор на фотографија на триесетина музички и рекламни спотови. Како дел од тимот, за еден од проектите награден е со Gold Media Lions, во Кан 2009, како и со сребрена статуета на Euro Effie Awards 2014, во Брисел.
Имал бројни самостојни изложби, од кој може да се издвојат оние во: Истанбул, Солун, Бурса, Нирнберг, Софија, Белград, Крањ, Скопје…
Групно изложувал на повеќе од 250 изложби, и има освоено повеќе од 60 награди.