Во старото градско јадро на Скопската Чаршија на 16, 17  и 18 септември 2019 (понеделник, вторник и среда) ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на Чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.
„Звуците на Чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација што годинава се одржува по 13 пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.
Тродневна програма на манифестацијата и годинава ќе биде богата.
На 16 септември (понеделник)

 14:00Плоштад Скендербег,  Литературни дела на писателите со наслов “Старата Скопска Чаршија во делата од литературните творци”

18:00 –  Камениот Мост,  Изложба на фотографии на Старата Скопска Чаршија од  Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров

17:00 Плоштад Скендербег,  КУД “ИЛИРИДА“ Скопје, КУД „Студио Фолклор“ Скопје, КУД „Шамикуќет“ Урошевац, КУД “Јени Јол“ Скопје

18:00 –  Платото пред Универзитет на Југо Источна Европа,  БРАССТЕТ  –   Скопје

19:00 Плоштад Скендербег, Емин Салихи  – Бенд (Солисти : Хана Палоши ,Филонид Алиу,Доника Домазети)

19:00  КИЦ – Скopje , Изложба З.У.К. СИЛИНДАРТ, 16.09 – 18.09 2019

20:00 Плоштад Скендербег, Солистички изведба на гитаристот  Артан Кастрати на свои компонирани композиции

21:00Плоштад Скендербег,  Балетска изведба “DREAM”

21:20Плоштад Скендербег,  Кода Бенд

21:00Паркот на Скопското Кале, Кино под отворено небо, на филмот  “Враќање“

Вториот ден, 17 септември (вторник)

20:00Платото пред Универзитет на Југо Источна Европа, Деструкција Ритам на Исмет Рамиќевиќ  и музика од Сецко Хаџич

21:00   КОНЦЕРТ  /  Камениот Мост,  плоштад Филип Втори

             DJ ЕLЕКТRОN

             ТАМАРА ТОДЕВСКА

              ИЛ ЛИМАНИ

              ДАФИНА ЗЕЧИРИ-DAFFY&DJ GEEK

              ЛУМИ Б-DJ FLOW

Третиот ден 18 септември (среда)

 

21:00   КОНЦЕРТ / /  Камениот Мост,  плоштад Филип Втори

DJ PITTI

КАНИТА СУМА

ЛИНДОН БЕРИША

ЕЛВАНА ЏАТА